Групна тепачка пред ресторан во Скопје

 

Групна тепачка се случила пред скопски ресторан, информира МВР.

- Вчера во 01:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Димитрие Чуповски“ Б.Ф.(23), А.Ч.(23), Л.Б.(30) и М.Ч.(24) сите од Скопје поради претходно недоразбирање физички ги нападнале Ф.П.(20) М.П.(22) двајцата од село Бразда,скопско, А.С.(21) од село Шишево,скопско, С.Ј.(20) од Скопје и Б.Р.(18) од село Батинци,скопско. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот - стои во соопштението на полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега