Групна тепачка кај Партизанска“: Кумановци од една, скопјани од друга страна

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 23:55 часот било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“, во близина на мост „Влајко“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу С.М.(26), Д.П.(25) и Б.А.(31), сите од Куманово, од една страна и Л.Н.(26) од Скопје и уште неколку лица, од друга страна, во која биле користени и тврди предмети.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

22.06.2021 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега