Група насилници каменувале црква во Чаир и ги навредувале верниците

 
Група насилници каменувале верници за време на вчерашната богослужба во црквата Свети Ѓорѓија лоцирана во Скопје.
 
Инцидентот се случил вчера во девет часот  наутро за време на богослужба во црквата Свети Ѓорѓија на улицата Панче Неделковски во Чаир.
 
Група насилници фрлале камења кон влезната врата на црквата, а упатиле и навреди и пцовки кон верниците, па побегнале во непознат правец.
 
Полицијата трага по сторителите, кои најверојатно се малолетници.