Груевски: Судењата се театар на апсурдот

 

Со секое доаѓање во судот се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот „Процес“ од Кафка, изјави Никола Груевски по излегувањето од судот каде денес требаше да се одржи рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар”, но беше одложено поради болест на еден од обвинетите.

Тој рече дека денешното барање на обвинителите од СЈО да му се изрече притвор на обвинетиот кој според нив само сака да го одолговлекува процесот, укажува на забеганоста на СЈО.

„Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот. Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно, но да оставиме можност за судиите да работат по закон“, изјави Груевски.

 

 

 

13.03.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа