Поранешниот премиер Никола Груевски, преку социјалните мрежи, упати честитка до граѓаните по повод празникот Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

Тој во својата порака посака претстојниот период да биде исполнет со благосостојба и лични успеси за сите верници.

„Денес е Нова Година по стариот календар по кој се води и МПЦ-ОА. Нека донесе мир, напредок и успеси! Денес е и денот на Свети Василиј Велики. Нека донесе здравје и среќа во домовите“, стои во неговата објава.

Груевски дополнително упати честитки до оние кои денес празнуваат именден или домашна слава.

„Честит именден на оние кои го носат неговото име и честита слава на оние кои на овој ден имаат куќна слава“, напиша екс-премиерот.

Exit mobile version