Груевски: Јас менаџирав многу кризи, но никогаш не дозволив намалување на платите

Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски преку Фејсбук статус од Будимпешта пишува дека досега менаџирал многу кризи, но никогаш не предложил намалување на платите. Тој вели дека мерката за минималец во јавната администрација е избрзана одлука, но дека се уште има време за корекции.

„Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции.Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци“, пишува  Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега