Груевски: Две турски компании ќе градат фабрики во Бунарџик

Две турски компании од областа на медицината наскоро ќе изградат свои капацитети во ТИРЗ „Скопје 1“ - Бунарџик, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Струмица и Ново Село.

- Се работи за две одделни компании од областа на медицинската индустрија кои ќе градат две фабрики во кои ќе вработат вкупно 600 луѓе. Наскоро на Влада треба да помине договорот со нив и потоа веднаш да почнат со изградбата на своите капацитети во Бунарџик, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека има повеќе други странски компании кои се заинтересирани за вложување во Македонија и со кои преговорите се при крај.  Се додека не добиеме согласност не можеме да им ги кажуваме имињата. Тоа е дел од деловната етика кога станува збор за инвестиции независно дали се странски или домашни, потенцира Груевски.

Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на Струмичкиот регион и го означи почетокот на изградбата на ТИРЗ „Струмица“. 

21.09.2013 - 16:07

најчитано сега