Груби: Заев беше спремен да даде оставка - Ние не дозволивме

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев беше решен да си даде оставка, по одбивањето на отворање на преговорите со ЕУ.

Поканет во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, Груби рече дека на Заев Али Ахмети не му дозволи да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.

– Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија. Познатиот албански новинар го прашува Груби, значи Заев беше спремен да си замине, на што пратеникот во македонското Собрание вели, да подготвен беше.

Ноинарот Бленди Февзиу повторно го прашува Груби, тогаш зошто се предомислил од давањето оставка. – Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега