Груби за Телма за надзорот на коридорите 8 и 10д: Нека истражи Обвинителството, чисти сме ко солза

„Ништо не сакаме да скриеме сакам детално да се истражи не само од ДКСК туку посебно од Јавното Обвинителство, кои рекоа дека може да ја разгледаат целата документација и ако има нешто сомнително да се отвори истрага“, рече првиот вицепремиер Артан Груби во вчерашното гостување на Топ Тема на ТВ Телма.

Тој истакна дека како влада сакаат да остават трага зад нив со овој добар проект, а граѓаните да возат по добри и безбедни патишта.

Потенцираше дека Биро за јавни набавки една година ја разгледувало постапката не верувам дека има грешка но, еве нека истражи ЈО. Исто така сите документи се јавни, во Биро за јавни набавки се е он лајн и можат да ги имаат на увид и сите кои што аплицирале.

„Јас не сум ни обвинител, ни судија нека истражи Обвинителството немаме што да криеме чисти сме ко солза во ова“, вели Груби.

22.03.2023 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега