Груби за францускиот предлог: Го споделувам истиот став со Ковачевски и Османи

Вицепремиерот Артан Груби вели дека го споделува истиот став со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бујар Османи во однос на францускиот предлог.

-Го споделувам истиот став со Ковачевски и Османи, ни одговори кусо Груби на прашањето за негов став по објавениот француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Вчера пак премиерот Ковачавски истакна дека предлогот за кревање на бугарското вето сè уште не е пристигнат во Скопје, а би пристигнал дури откако земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат.

Ковачевски образложи дека предлогот го даваат земјите членки на ЕУ бидејќи ние сме држава која сака да се зачлени.

Врз основа на предлогот што тие ќе го усогласат, вели Ковачевски, истиот кога ќе биде подготвен и ако биде усогласен помеѓу сите земји членки ќе биде доставен до нас и тогаш ќе ги дадеме нашите забелешки.

Според Ковачевски, во евентуалното решение за спорот ќе мора да има гаранции дека тоа ќе бидат последните барања на Бугарија. Тој повтори дека нема да има разговори за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

Истото денеска го потврди и министерот Бујар Османи.

18.06.2022 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега