Поранешниот моќник на ДУИ, Артан Груби, кој повеќе од една година е недостапен за македонските органи на прогонот, конечно е лоциран. Косовската новинска агенција „Косова прес“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Груби вчера попладне бил виден во близина на центарот на Приштина.

Според информациите, Груби веќе не личи на политичарот од македонските говорници – сега носи зимска јакна, спортска опрема, шапка и има пуштена брада, веројатно во обид да го прикрие својот идентитет. Тој наводно живее во станбен комплекс недалеку од центарот на косовската престолнина заедно со две деца, додека во Скопје по него сè уште е активна меѓународна потерница.

Exit mobile version