Груби - Томан: Северна Македонија и Чешка, потенцијал за економска соработка

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, со кого се согласија дека меѓу Република Македонија и Чешка постојат услови за продлабочување на економската соработка.

Амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, му вети на првиот вицепремиер Груби дека ќе продолжи да придонесува за продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете држави.

Првиот вицепремиер Груби му рече на чешкиот амбасадор дека ја цени поддршката и помошта на Чешка за земјата, особено во соработката на двете земји во контролата на границата на Северна Македонија, пограничниот појас со Грција, но и за подадената рака кон евроатланскиот процес.

Двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, со цел истата и да се зајакне.

За време на средбата со чешкиот амбасадор, Груби рече дека патот на неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку ветингот на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Амбасадорот Томан и првиот вицепремиер Груби разговараа и за актулностите во Северна Македонија но и за добрососедските односи на земјата, како и за други настани со кои се соочува регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа