Груби: Секој пратеник и функционер да се тестира за користење наркотици

Пратеникот на ДУИ Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

- „Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функцикја треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени“, рече Груби, пренесе Макфакс.

Тој не одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник, и кажа дека за нив е неприфатлив терминот метла.

Инаку, реакцијата доаѓа откако беше објавена снимка на која се слуша гласот на Богоевски. 

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи пак рече дека сите патишта за бомбите водат кон Заев, додека Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски и порача дека 0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто и следи најмалку година затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега