Груби се сретна со новата шведска амбасадорка Ами Ларсон Џеин

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се сретна со новата амбасадорка на Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин, на која и посака успешна дипломатска мисија во нашата земја.

Како што соопштија од Кабинетот ма вицепремиерот, Груби и Ларсон Џеин разговараа за добрите билатерални односи меѓу двете земји, за важните одлуки што ги има преземено Северна Македонија за изградба на здравите темели на едно демократско општество засновано на вредностите на еднаквост и консензуална демократија, како и за реализација на целта на интеграција во евроатлантските структури преку Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

– Првиот заменик претседател на Владата, Груби ја информираше амбасадорката Ларсон Џеин за напредокот што земјата го постигна на патот кон ЕУ со отворањето на преговорите за интеграција, изразувајќи благодарност за континуираната поддршка на Шведска во овој исклучително важен процес за прогресивната иднина на земјата. На средбата беше изразено и големото значење за унапредување на интегративниот процес, при што Груби ја информираше шведската амбасадорка за посветеноста на прозападната Влада на земјата за усвојувањето на уставните измени, за интензивните подготовки што се прават за скрининг процесот што ќе започне на 7 ноември годинава и максималната посветеност во процесите на владеењето на правото и борбата против корупцијата, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Ларсон Џеин, посочуваат од Кабинетот на Груби, изрази благодарност за големата поддршка што нашата земја ја дава на интеграцијата на Шведска во НАТО и целосната поддршка на нејзината земја во сите неопходни процеси на развој и интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

 

06.10.2022 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега