Груби по оставката на Богоевски: Му посакувам брзо оздравување на членот од семејството

Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели. 

Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе биде негов последен глас во Собранието. По скандалот се решил да поднесе оставка, информираше денеска.

- Органите на прогонот целосно да го истражат настанот, апелираше Богоевски и додаде до опозицијата дека тоа е хајка против него за да се одвлече вниманието околу Груевски.

Одлуката ја искоментира Груби од ДУИ.

– Изразувам жалење за состојбите на негивиот близок член на семејството и му посакувам брзо оздравување. На Павле му посакувам успех во понатамошните негови активности. Се надевам дека сите ние ќе ги почитуваме сите институции на државата откако ќе поминат низ сите филтри и секако дека ќе бараме оставка од нив доколку згрешиле , додава тој, пренесе Слободен Печат.

Инаку, видеото се појави се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. 

Претходно на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

 

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега