Груби: Пензионерите ќе гласаат во еден ден, во друг тие што се во изолација, а останатите во третиот ден

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека се надева дека сите партии ќе учествуваат на избори на 5 јули.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше 15-ти јули, а 5-ти јули е наше компромисно решение. Сметам дека сите ќе учествуваат на изборите затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори, кои се всушност признаение од институциите и се под мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР. Кај меѓународната заедница има расположение за брзи избори, рече Груби.

Тој додава дека можни се промени на Изборниот законик, со што би можело да се гласа неколку дена.

-Еден ден би гласале пензионерите, еден ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден е едно од можните решенија, донесени со уредба, вели Груби.

-Груби смета дека не доликува на држава членка на НАТО и во преговори за членство во ЕУ да има техничка влада поради недоверба во изборен процес.

-Надминати се тие околности, а во услови на криза, тој модел на влада е хендикеп поради меѓусебни обвинувања и префрлања на одговорност. Затоа е потребно да се има кредибилни и одговорни институции, а не препукување е непреземањето одговорност за ситуацијата што предизвкува своевидна безаконитост чии последици ги гледаме секојдневно – изјави за ТВ 24 Артан Груби од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега