Груби од Вашингтон: Евроатлантската интеграција е неопходна и без алтернатива

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД , Артан Груби денеска во Вашингтон се сретна в.д. заменик-помошник Државен Секретар Сусан Фалатко која воедно раководи со канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт Департментот.
 
Соговорниците разговараа за процесот на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот Договор,  евроатлантските интеграции на земјата, билатералните односи со САД, системските реформи, владеењето на правото и помирувањето.
 
Груби им се заблагодари на Соединетите Американски Држави  за големата подршка  за Македонија и регионот во изградбата на демократските капацитети и нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и Европската Унија, која е неопходна и без алтернатива.
 
Груби ја запозна соговорничката за патот на уставните измени кои што произлегуваат од договорот помеѓу Скопје и Атина и овозможуваат деблокирање  на интегративниот процес за нашата земја изразувајќи очекување за успешно завршување до средината на месец јануари следната година.
 
Груби зборуваше за напорите да за се задржи и да се зголеми мнозинството од две третини која е неопходна за успешно завршување на процесот. Тој истотака ги истакна и обструкциите  кои одредени структури ги прават кон процесот подвлекувајќи дека никој не треба да го спречи овој процес за индивидуални или групни калкулации. Секој потег кој е во спротивност со волјата на народот за интеграција во НАТО  и ЕУ и кој го ризикува патот  на процесот е неприфатлив.
 
На средбата се дискутираше и за процесот на помирување и реформите, при што г. Груби  ги истакна очекувањата дека до крајот на годината ќе се свика посебна седница на  Собранието за десетици реформски закони. 
Фалатко јизрази целосна поддршка на Соединетите Американски Држави  за Преспанскиот Договор и за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија,  како и напорите на Македонија за успешно заокружување на овој процес. 
 
Г. Груби го посети и Американскиот Сенат каде заедно со Конгресмени и Сенатори и колеги од 80 држави, учествуваше во 12-от Парламентарен Форум на Безбедноста за Разузнавање на кој се дискутираше за борбата против тероризмот и надзорот над агенциите за разузнавање и контраразузнавање.
 
Груби истотака се потпиша и во книгата на жалост за покојниот Претседател на САД, Џорџ Х.В. Буш.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега