Груби: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“ законот за јазици и да го покаже новото лице

 

Во Собранието за утре собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа седницата на која на дневен ред е и Законот за јазиците. Тоа било договорено на денешната координација, на која не присуствувале ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби денеска повтори дека законот за јазиците оваа недела треба да се донесе и вели дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“.

- „Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците во Собрание, бидејќи тие, заедно со нас и со СДСМ се коавтори на законот и потписници на Рамковниот договор. Со гласањето ‘за’ законот ќе го покажат новото лице на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во однос на албанската заедница, но и кон меѓународната заедница, вели тој, пресесе МКД.МК.

И премиерот Зоран Заев вчера истакна дека се очекува Законот да биде донесен.

 

 

 

13.03.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа