Груби: Ние стоиме зад најдобрите проекти во Бутел

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) вечерва ја продолжи предизборната кампања во општина Бутел, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина.

Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ Али Ахмети, потпретседателот Изет Меџити, првиот вицепремиер Артан Груби и носителот на листата на кандидати за советници, Алајдин Сали.

Носителот на листата на кандидати во општина Бутел од редовите на ДУИ, Сали нагласи дека ќе работат сериозно за да донесат што повеќе инвестиции и вработувања во текот на новиот мандат.

-Јас како носител на листа во општина Бутел, ќе бидам посветен на развојот на општината во сите области, почнувајќи од инфраструктурата, културатата и спортот. Мојата посветеност не е привилегија, туку одговорност, бидејќи тоа што го ветуваме во текот на овие четири години
ќе го реализираме. Како што знаеме, на нашата општина и се потребни капитални инвестиции, така што јас и моите соработници ќе работиме сериозно за да ги донесеме овие инвестиции што ќе овозможат нови вработувања. Многу важни прашања за нашата општина е образованието и
здравството. По мојот избор за советник во општина Бутел, ќе вложиме напори да создадеме добри услови во образованието, во изградба на училишта и спортски сали“ - ова го истакна Аладин Сали, носител на листата на кандидатите за советници на ДУИ за Општина Бутел.

Првиот вицепремиер Груби пред присутните рече дека треба да се спроведе достоинствена кампања, така како што е и мотото и духот на ДУИ, бидејќи Зелената агенда е за подобар живот за граѓаните.

-Задоволство е да се видиме повторно и да ја водиме оваа кампања со Зелената агенда, во секоја населба, во секој град каде што одиме, се зборува за оваа агенда. Денес дојдов овде со целата Влада по наредба на претседателот Ахмети. Парламентарните избори ги добива владиниот
кабинет, додека локалните ги добиваат градоначалниците и советниците и на се што се обврзуваат во општините, ние стоиме зад нив за реализација на сите проекти за подобар Бутел и подобар град Скопје. Имам една молба до сите вас, да направиме една достоинствена кампања според мотото и духот што го имаме, бидејќи сакаме да го направиме животот подобар за
граѓаните“, рече првиот вицепремиер, Артан Груби.

Потпретседателот на ДУИ, Меџити, рече дека гласот не треба да се подели, туку треба да оди на сметка на кандидатите на ДУИ, бидејќи ќе се работи заеднички, за следниот мандат да имаме кандидат Албанец.

„Искрено велам дека во Скопје сега го имаме Бутел како приоритет, бидејќи е урбана општина 34 пати поголема од Чаир. Мислам дека граѓанинот ги поддржа и ќе ги поддржи оние што не се занимаваат со други , со Али Ахмети и со ДУИ бидејќи нас не водеа идеите за доброто и факторизирањето на Албанците, сега и во нашиот Бутел. Мислам дека овие четири години ќе работиме со проектот „Го сакаме Бутел“ за нашата иднина, и зошто да не по четири години да го имаме нашиот кандидат кој ќе го води Бутел подобро. Не треба да го делиме гласот во табори, туку гласот треба да оди на сметка на ДУИ, бидејќи оваа партија ги факторизира Албанците“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, пред присутните истакна дека тој и неговата партија направиле многу чекори, бидејќи да се понуди квалитетен живот е и храброст.

„Ние можеме да имаме разлики, но ако немавме разлики, ќе бевме исти, но да зборуваме за слабостите на ДУИ, ви велам дека 20 години, се разбира, ако гледате со очила, можете да најдете грешки, бидејќи оние што работат прават грешки, оние што остануваат на едно место смрдат. Поминав 20 години од мојот легален живот на овие простори и 20 години во илегалност, обраќајќи им се на луѓе со браќа и сестри, а не со терминот разбојници, бидејќи тие не се тоа. Мораме заедно да се бориме против злото, со што сакаат да се мерат со ДУИ, секој Албанец е горд на достигнувањата овде. Секогаш сме се занимавале со многу храбри проекти и ситуации, во изборите што доаѓаат  ќе влеземе со премиер, има настани во историјата на народите низ вековите кои траеле само три дена. Преземавме чекори и ги турнавме барикадите, го правиме чекорот километар, а не метар. Зелената агенда значи живот, дали беше потребна храброст, се разбира дека да, да се продолжи животот и да се разубави родното место и  населбите во градот“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Демократската унија за интеграција учествува на овие локални избори со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. За време на деновите на кампањата, сите градови, општини и населени места ќе бидат посетени за да ги запознаат кандидатите за градоначалник и општински советници.

ДУИ кампањата ќе ја продолжи утре во општина Арачиново, каде ќе ја претстави Платформата за оваа општина, кандидатот за градоначалник и листата на советници.

30.09.2021 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега