Груби: Мора да има одговорност за автобуската несреќа во Бугарија

Вицепремиерот Артан Груби вели дека одговорност за трагедијата на автопатот „Струма“ мора да има.

Тој во гостувањето на ТВ 24 рече дека по петочната молитва починатите ќе бидат погребени.

-Не се обидуваме да правиме спектакл од овој настан, сакаме да оддадеме почит и да ја искажеме нашата болка, рече Груби.

Истрагата во Бугарија ја оцени како динамична.

– Во однос на несреќата, нема да оставиме ништо на случајот, а да не дознаеме што се случило и да одговараат сите одговорни за трагедијата. Нема бегање од одговорност. Гледаме дека истрагата е динамична во Бугарија. Јас кажав и на владина седница дека ќе бараме одговорност и од фукционерите и, по извештајот, ќе има поместувања следната недела. Тој автобус поминал многупати низ границата, значи има многу коруптивни елементи во начинот на кој може таков автобус да помине пет гранични премини. Затоа треба да го раздрмаме системот со темелна истрага. Ќе го повикам и Руфат Усеини на разговор и очекуван детални информации, рече Груби.

Исто така, тој истакна дека не го штити сопственикот на „Беса транс“.

– Не, нула, никогаш. Под никои околности и услови, ниту сопственуикот кого не го знам, ниту било кој функционер, директор или министер. Секој ќе сноси одговорност во зависност каква му е одговорноста за несреќата. Руфат Усеини не е роднина на Али Ахмети, објасни тој.

 

02.12.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега