Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал, а „Жолтата куќа“ не се споменува во обвинението против водачите на ОВК

Maкедонскиот вицепремиер Артан Груби бил во „Жолтата куќа“ во градот Бурел во Северна Албанија во 2004 година како преведувач и во рамките на истрага на Хашкиот трибунал. 

Груби денеска потврди дека во текот на ангажманот за Трибуналот бил преведувач.

Вели дека нема ништо спорно во неговиот ангажман, кој е наведен во неговата биографија и е јавно достапен, а во „Жолтата куќа“ бил во 2004 година и не во периодот од 1998 и 1999 година за кога се наводите дека се извршени злосторства. Груби демантира дека е повикан како сведок во Хаг во истрагата за злосторства против човештвото кои ги изврши ОВК.

 

– Секоја година се отвора оваа тема, едноставно моето сиви е јавно објавено не веб-страницата на Владата, претходно на Собранието, и сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман . Ако сте го читале обвинението, ќе забележите дека „Жолтата куќа“ воопшто не се споменува. Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година – вели Груби.

Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Груби бил преведувач и ништо повеќе од тоа.  Ахмети рече дека вицепремиерот со години работел како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје, потоа и во холандската амбасада во Скопје Ангажманот на Груби во Хашкиот трибунал и поврзаноста со истрагата за „Жолтата куќа“ минатата недела беше дел од меѓусебните обвинувањата меѓу власта и опозицијата во Албанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега