Груби и Локвенец утре ќе сведочат за настаните од 27 април

Во Основниот суд на Град Скопје за утре е закажано ново рочиште за настаните на 27 април кои се случија минатата година во Собрание.  За овие настани на 33 лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање. За утре како сведоци се најавени неколку лица, а меѓу нив се и претседателот на собраниската Комисија, Артан Груби и пратеникот Хари Локвенец, пренесува МКД.мк

 

До сега во оваа постапка беа сослушани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пратеникот Мухамед Зекири, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и уште неколкумина пратеници кои беа сведоци на настаните. 

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

 
 

 

 

12.09.2018 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега