Груби: Градиме мир меѓу себе за доброто на новите генерации

Вицепремиерот Артан Груби имаше комеморативна седница на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието, по повод 11 јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Груби кажа дека земјите на Балканот поминале низ многу мрачни етапи во минатото.

„Низ многу мрачни етапи на непријателство поминаа нашите земји, се пролеа многу невина крв и конечно се разбудивме, градејќи мир меѓу себе во корист на идните генерации. Една од оние трагедии што секој Јули не потсетува на болката на бошњачкиот народ, е геноцидот во Сребреница во 1995 година. Ќе поминат многу години и векови, оваа голема трагедија која резултираше со убиство на околу 8.000 невини луѓе ќе остане засекогаш запаметена“ - истакна меѓудругото првиот потпретседател на Владата, г. Артан Груби.

07.07.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега