Груби го пречека Мишел: Тој нека ни биде дополнителен мотив да ја донесеме правилната одлука

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел пристигна во Скопје во еднодневна посета на Република Македонија. На скопскиот аеродром го пречека првиот вицепремиер Артан Груби во друштво со евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир.

-На Меѓународниот Аеродром во Скопје му посакав добредојде во нашата земја на претседателот на Европскиот Совет, г-дин Чарлс Мишел.

Неговата посета во Скопје е од големо значење бидејќи ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, гарантирајќи ја содржинската коректност и рационалност на францускиот предлог за решавањето на спорот со Бугарија.

Оваа поддршка треба да биде дополнителен мотив за да рефлектираме и да ја донесеме правилната одлука за европската иднина на земјата., порача Груби.

05.07.2022 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега