Груби – Бјорнстад разговараа за развојот на тетовската слободна економска зона

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет одржа работна средба со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Арне Бјорнстад.

Груби, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодарил на Бјорнстад за добрата соработка што земјата ја има со Кралството Норвешка и за поддршката што Република Македонија ја добива од оваа пријателска земја во успешното спроведување на реформите и помошта во областа на бизнисот и економија.

Груби го известил  Бјорнстад дека Владата на Република Македонија има донесено афирмативна одлука за инвестицијата на норвешката фирма НОРМАК во слободната економска зона во Тетово.

Првиот вицепремиер Груби исто така го информирал Бјорнстад дека сите формалности се веќе завршени од Владата и дека е потврдена инвестицијата на компанијата КИЕЛ во слободната економска зона во Тетово, каде се очекува да бидат извршени над 300 работни места.

Бјорнстад и Груби разговараа и за актуелните политички настани во Република Македонија, но и за настаните во регионот. Високиот претставник на норвешкото Министерство за надворешни работи истакнал дека Кралството Норвешка внимателно ги следи сите настани во земјата, изразувајќи честитки за успешниот процес на реформи во клучните области на земјата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега