Груби: Ахмети не може да биде суфлер на средбите меѓу Мицкоски и Заев

Ахмети не може да биде суфлер на такви средби и нема причина да учествува на билатерални средби помеѓу двајца лидери на политички партии, одговори првиот вицепремиер Артан Груби на прашањето дали се налутиле бидејќи на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не бил повикан и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

– И Ахмети се среќава одделно со лидери на политички партии. Пред средбата имав координација со премиерот Заев за ставовите коишто беа дел од тој состанок. И за време на средбата имавме најмалку три консултации со Заев. Немаше апсолутно никаква потреба Ахмети да биде дел од средба која ја побарал опозицискиот лидер со премиерот. Ако ДУИ за нешто се спротивставеше од договореното на таа средба тоа немаше да помине во Собранието, рече Груби во „Само интервју“ на Канал 5.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега