Гру во последното интервју: Можев и подобро да поминам во животот

Српскиот рапер кој загина во понеделникот возејќи кајт пред само три месеци му било последното интервју во кое рекол дека најголема љубов му биле музиката и адреналинот.

„Имам жена и два сина, тоа е чиста среќа, онаа примарна и поради која не трчаш по работи кои се без врска. Тогаш кога почавме бевме деца, како муви без глава, а сега е потполно поинаку, можеби и не сум веќе млад“ рекол Гру.

На прашање дали би сакал да го врати времето назад и да промени нешто, тој рекол дека понекогаш знае да зажали за нешто.

„ Имало ситуации во кои можело да играм попаметно, да имам куќа, пет или шест автомобили, патување по светот.. но сето тоа брзо поминува, си велам којзнае сошто би било тоа добро.

Сваќам дека се е онака како што треба да биде. Научив да живеам слободно и по свое. Никогаш не сум правел она што околината ми налага, си терав онака како што чувствував, можев и подобро да поминам, но тоа не сум јас, не би бил слободен“ рекол тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега