Грозоморно чедоморство во Хрватска: Татко си ги задавил трите малолетни деца

Татко си ги уби трите малолетни деца ноќеска во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.

Во стан во загребската населба Млинови полицијата пронашла три најверојатно задавени деца и нивниот татко кој се обидел да изврши самоубиство по извршеното тројно убиство. Тој претходно објавил и писмо на социјалните мрежи.

Во време на злосторството мајката на убиените деца не била во Загреб, а тие поминувале викенд со својот татко. Како што пишуваат загребските медиуми, родителите биле разведени и децата најверојатно викендот го поминувале со татко им.

Официјално, сѐ уште нема потврдена информација за мотивите за грозоморното чедоморство. Полицијата засега не дава никакви детали на јавноста.

Околу два часот во Млинови, врз основа на добиените информации за најавеното самоубиство, во станот е пронајден маж кој се обидел да се самоубие, по што бил пренесен во болница, вели полицијата.

Официјално, полицијата само објави дека „три деца без знаци на живот се пронајдени на местото на настанот и постои сомневање за кривично дело убиство. Истрагата ја води заменик обвинителот на окружната држава“.

Се работи за три деца, близнаци момче и девојка на седумгодишна возраст и друг син на четиригодишна возраст.

Таткото преживеал, но неговата моментална состојба не е позната, а се вели дека е искусен финансиски консултант кој работел за неколку реномирани австриски компании и има своја консултантска компанија во Виена.

Пред бруталното злосторство, тој објавил писмо на социјалните мрежи во кое пишува дека неговата девојка го напуштила затоа што поранешната сопруга била лоша со неа и дека останал без пари. Ги споменува и неговите пријатели и браќа од масонската ложа.

25.09.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега