Грозоморни детали за убиството во Штип: Синот инвалид го чекал таткото да заспие за да го избоде

 

29-годишниот инвалид Г.Б. од Штип со нож го убил својот татко Т.Б. (62) додека тој спиел. Синот имал помош од својот пријател И.Д. (24) кој претходно со тупаници го удирал сега починатиот по лицето, а потоа синот со нож му нанел неколку смртоносни убоди во пределот на главата.

Претходно меѓу нив имало расправија, но синиот чекал да се стемни и татко му да заспие.

Г.Б. е познат меѓу штипјани како инвалидно момче кое низ градот се движи со количка, но често пати го гледале како ја вози количката под дејство на алкохол, објави СДК.

Против Г.Б. и неговиот пријател И. Д полицијата поднела кривична пријава, а истражен судија во претходна постапка и на двајцата им одредил мерка притвор од 30 дена.

Портпаролот на судот Саше Георгиев информира дека за ова мерка биле повикани лекари специјалисти кои оцениле дека неговата инвалидност не е пречка за да ја издржува мерката притвор и дека неподвижноста повеќе била резултат на употребата на алкохол.

 

 

 

22.02.2018 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа