Гром во селото Плана, населено место во општина Билеќа, Република Српска, Босна и Херцеговина, вчера, вторник, 16 јуни 2026 година, усмртил пет крави од семејството Брчиќ. Петчленото семејство Брчиќ, кое живее исклучиво од сточарство, во еден момент останало без својот единствен извор на приходи.
„Ова за мене е голема загуба, сите крави угинаа. Меѓу угинатите грла имаше и крава што се отели пред три дена, а уште три крави се очекуваше да се отелат во следните еден месец“, изјавил домаќинот Милош Брчиќ за медиумите.
Тој додава дека загубата е уште поголема бидејќи останале без стока од која очекувале понатамошно приплодување и приход.
Силно невреме деновиве беснее во цел регион. За денеска се најавува невреме во Хрватска, Србија, но и во Македонија.
Денес времето ќе биде променливо облачно и топло, со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На одделни места временските непогоди може да бидат поизразени, со пообилни врнежи и можност за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 25 и 31 степен Целзиусов.


