Грејс била брутално убиена во Нов Зеланд, а сега се појави уште една снимка: Убиецот нејзиното тело го пренел со куфер

Убиството на британската студентка Грејс Милејн, која на Нов Зеланд за време на груб секс била задавена од момче кое го запознала на Тиндер, го запрепасти светот.

На судењето за тој случај била прикажана снимка од безбедносна камера на која се гледа како обвинетиот влегува во лифт со куфер во која се претпоставува дека се наоѓа телото на Грејс.

Таа најпрво била прогласена за исчезната во Окленд минатата година, а подоцна била пронајдена мртва. Нејзиното тело било ставено во куфер кој потоа бил закопан во шума надвор од градот.

Судењето за ова запрепастувачко убиство е во тек во Окленд, а на обвинителната клупа се нашол неименуваниот 26-годишен маж. Обвинителот тврди дека обвинетиот намерно ја убил Британката за време на секс, анабрзо потоа отишол на состанок со друга девојка. На поротата ѝ биле прикажани и снимки од безбедносните камери и полициски фотографии од местото на злосторството.

На судењето зборувал и патологот Сајмон Стејбелс кој графички опишал како изгледале последните моменти од животот на Грејс.

Опишувајќи ја причината за смртта на Грејс како 2притисок на вратот“, патоллогот рекол дека давењето траело најмалку 5 минути.

„Не можете да убиете некој со благи допири. Потребна е голема сила. Давењето со раце за време на секс, од мое искуство е ретко. Макар во Нов Зеланд. Не сум слушнал за таков случај“, објаснил тој.

Според него, раните на рацете и градите на Грејс говорат дека била присилно прикована за кревет или под.

Мајката на жртвата неутешно плачела во судницата кога слушала за повредите на својата ќерка.

Поротата на судењето видела и снимки од безбедносни камери на кои Грејс и обвинетиот се снимени како прегрнати шетаат во Окленд, посетувајчи барови и казино.

Покажана била и нова снимка на која се гледа како осомничениот рамнодушно во хотелскиот лифт внесува куфер со голото тело на Грејс во него, а потоа го става во багажник од изнајмен автомобил, па го носи до местото каде го закопува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега