Грција на удар на силен ураган: Ветер од 200 км на час- метеоролозите предвидуваат најсилна бура во историјата на овие простори (ВИДЕО)

Ураганот Јанош стигна до Грција. Најновите прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.

Се очекуваат огромни количини на дожд, поплави и ветрови со над 200 километри на час. Во Грција е издадено предупредување на високо ниво, а жителите се повикани да се засолнат.

Грчките власти предупредија дека Јанош ќе биде придружуван од силен ветер и дожд што може да доведе до поплави и прекин на електричната енергија во следните два дена.

„Влијанието на Јанош, мора да бидеме јасни, ќе биде слично на другите бури, но посилно по интензитет, опсег и времетраење“, најави заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Владиниот портпарол Стелиос Пекас изјави дека интензитетот и траекторијата на ураганот не можат точно да се предвидат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега