Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани

Македонија не е на листата држави за кои Грција од утре ќе дозволи влез, со оглед на тоа дека официјална Атина ја следи препораката на ЕУ и одлуката на европско ниво за листата со трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција, следејќи ја европската препорака, ја проширува можноста за влез во земјата и за постојаните државјани на следните трети земји (листата ќе се ажурира на 15 дена): Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност), соопшти попладнево портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

Во однос на копнените граници, на граничните премини со Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

На границата со Бугарија, туристите ќе можат да влегуваат во Грција само преку граничниот премин Промахонас, како што беше и досега.

Освен за копнените граници, листата со трети земји важи и за меѓународните летови на аеродромите во цела Грција, односно и за авионскиот транспорт, продолжува да важи забраната за македонските државјани. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега