Грција ја почнува туристичката сезона, утре се очекуваат 110 меѓународни влезни летови

Грција од денеска ја почна својата туристичка сезона, а владата и тур-операторите се надеваат дека сонцето, плажите и морето ќе го донесат потребниот раст на приходите по лошата туристичка сезона минатата година.

„Ние ја креваме котвата“, рече министерот за туризам, Хари Теохарис, најавувајќи ја туристичката сезона од античкиот грчки храм Посејдон во близина на Атина, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека странските туристи се желни да се вратат во Грција.

Најавата нетрпеливо се очекуваше од страна на угостителите и сопствениците на кафулиља.

Според владините регулативи објавени во средата, секој што патува на грчките острови по море или воздух мора да покаже потврда за вакцинација или негативен резултат од ПЦР-тест.

Водечкиот европски тур-оператор закажа 120 лета кон Грција до крајот на мај.

В петок се очекуваат 40-ина меѓународни летови за пристигнување на 14 грчки регионални аеродроми, а уште 110 в сабота.

Во тек е иницијатива за вакцинирање на локалното население.

Грчките хотелиери очекуваат зголемување на туристичкиот сектор од крајот на јуни или почетокот на јули.

Пандемијата силно влијаеше врз грчката економија, која во голема мера се потпираше на туристичкиот сектор, што претставува повеќе од 20 проценти од БДП.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега