Меѓу исчезнатите лица во трагедијата во швајцарскиот бар „Ле Констелејшн“ е и 15-годишно девојче од Грција кое живеело во Швајцарија.

Грчките медиуми јавуваат за драмата низ која поминува нејзиното семејство. Нејзиниот брат преку социјалните мрежи објави фотографија и апел за каква било информација, бидејќи од моментот на избувнувањето на пожарот ѝ се губи секаква трага.

Во меѓувреме, Грција официјално изрази подготвеност да помогне. Дипломатски извори брифираат дека Атина понудила да прими дел од повредените преку европскиот механизам за цивилна заштита, доколку капацитетите во Швајцарија и соседните земји бидат преполнeти.

Exit mobile version