Грција и Италија најгласни против Македонија да се одвои од Албанија

И покрај заострената реторика на релација Скопје-Софија, на денешниот состанок во Луксембург помалку неочекувано Грција била земјата од соседството која жестоко се спротивставила на идејата Македонија да се одвои од Албанија, објави Канал 5

Ваквата позиција на Атина беше најавувана, но во услови кога е повеќе од јасно дека шансите за да се обезбеди консензус за датум за Албанија се минимални, зачудува инситирањето по секоја цена да се опстои на истата. Со ова на некаков начин се потврдија стравувањата дека ставот на новата грчка влада е само суптилен начин да се стави ново вето за интеграциите на Македонија.

Дали и како ќе реагираа македонските власти засега не е познато, но според дел од познавачите, ставот на Атина може да се толкува и како дирекно прекршување на Преспанскиот договор, со кој Грција се обврза да ја поддржува евро-атланската интеграција на земјава.

Во договорот, нема никаква одредба која интеграциите на земјава се поврзуваат или се условени со напредокот на Албанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега