Грција: Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19

Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на интензивна нега во детска клиника, а синоќа ја загуби битката за живот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.

По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот.

Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.

-За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот. Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство, напиша Мицотакис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега