Од 11 часот по македонско време, граничниот премин Евзони е во целосен прекин за сите видови возила. Грчките земјоделци ги поставија своите трактори на патот, блокирајќи го влезот и излезот од Грција. Според најавите, оваа блокада ќе трае до 15 часот по наше време, но постои голема веројатност преминот повторно да биде затворен и вечерва по 18 часот.

Протестите се шират и на другите премини. На граничниот премин Ники (Меџитлија) состојбата ќе биде следна:

  • Од 18:00 часот: Четиричасовна блокада за сите товарни возила.
  • Од 19:00 до 21:00 часот: Целосен прекин на сообраќајот и за патнички автомобили.

Земјоделците од северниот дел на Грција, кои се на границата уште од 1 декември, одбија средба со премиерот Кирјакос Мицотакис и најавија интензивирање на протестите бидејќи сметаат дека владата не нуди реален дијалог за нивните барања.

Exit mobile version