Доколку попладнево планирате патување кон јужниот сосед, подгответе се за неколкучасовен прекин на сообраќајот. Според најавите, граничните премини Евзони и Ники (Меџитлија) ќе бидат блокирани од грчките земјоделци во неколку временски интервали:

  • ГП Евзони: Целосен прекин за сите возила (освен итни случаи) во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време (18-22 ч. по грчко).
  • ГП Ники (Меџитлија): * За камиони – сообраќајот ќе биде во прекин шест часа, почнувајќи од 17:00 часот (по наше време).
    • За автомобили – блокадата ќе трае два часа, во периодот од 19:00 до 21:00 часот (по наше време).

Земјоделците најавуваат дека нема да се повлечат од улиците додека не се исполнат нивните барања, иако се очекува од утре блокадите да бидат олабавени поради претстојните божиќни и новогодишни празници.

Exit mobile version