Грчки епидемиолог открива нови детали и симптоми- коронавирусот го оштетува и мозокот

Новиот коронависрус предузвикува неуролошки оштетувања кај мал број на пациенти кои развиваат тешка клиничка слика.

Епидемиолог од грчкото Министерство за здравство Соитирис Циодрас претстави нови податоци добиени од тим на невролози од целиот свет, според кои околу 15 проценти од пациентите кои развиваат сериозни симптоми може да имаат невролошко оштетување предизвикано од болест Ковид-19.

„Покрај веќе познатите симптоми - треска, кашлање и отежнато дишење, одредени пациенти развиваат дисфункција на ментален капацитет, збунетост, летаргија, епилепсија, па дури и мозочен удар“, рече Циодорас.

Како што објасни тој, вирусот се чини дека влијае на мозокот и нервниот систем во дури 15 проценти од сериозно болни пациенти. Одамна е познато дека вирусот може да го зафати мозокот и да предизвика негово воспаление, а проблемите со недостаток на кислородот заради лошо дишење можат да влијаат на работата на мозокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега