Грчката опозициска партија ќе гласа за ратификација на трите договори со Македонија

Грчката опозициска партија Движење на промена, иако не отстапува од ставот дека „Договорот од Преспа беше и останува лош договор“, сепак ќе гласа за трите договори меѓу Северна Македонија и Грција кога ќе дојдат за ратификација во грчкиот Парламент, според она што го соопшти лидерката на партијата Фофи Генимата на денешната онлајн прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Државата како држава има континуитет и ние сме сериозна и одговорна партија. И не правиме салта. Сметаме дека земјата не може да се посрамоти. Затоа и не можеме да не гласаме за ратификација на овие договори. Но, она што ќе го направиме е дека во следниот период, тесно ќе го следиме европскиот тек на Скопје, бидејќи сега, она што се поставува е спроведувањето на договорот и да го сторат она за кое што се обврзаа кон грчката страна, рече Генимата.

Лидерката на Движење на промена објасни дека нивната позиција е јасна и „никаква врска со хипокризијата на Мицотакис“, а Договорот од Преспа го спомена, коментирајќи ја политиката на грчката Влада во однос на Турција.

-Потсетувам дека за Преспа велеше дека е национален пораз и дозволи да се издаде соопштение што го карактеризира „историски договор“. Како може некој да има доверба во него да води прелиминарни разговори, а потоа можеби и преговори со Турција, истакна Генимата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега