Граѓаните за Детектор: НАТО ќе донесе повеќе пари и сигурност во Македонија

Поголема сигурност и повеќе пари очекуваат граѓаните од членството на Македонија во НАТО, покажува најновото истражување на јавното мислење  кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје .
Според него, безмалку половина од анкетираните или 47,5% сметаат дека влезот во НАТО ќе ги зголеми инвестициите во економијата, додека 30,8% не очекуваат таков епилог. Интересно е што поголеми оптимисти се мажите. Дури 53,7% од нив очекуваат влезот во НАТО да донесе повеќе пари, за разлика од 41,4% кои гледаат економски бенефиции за Македонија со членството во Алијансата.
50,5% од анкетираните за Детектор велат дека членството во НАТО ќе ја зголеми безбедноста во државата, додека 28,8% не го делат овој став.
Деталната анализа на овие податоци покажува дека етнички Албанци во Македонија во големо мнозинство очекуваат поголема безбедност со членството во НАТО. Дури две третини од нив, или 66,1% сметаат дека безбедноста ќе се зголеми со членството во Алијансата за разлика од 45,9% етнички Македонци и 45,8% граѓани кои им припаѓаат на останатите етнички групи во земјава.

Анкетата на Институтот за политички истражувања, по нарачка на Детектор беше спроведена телефонски во периодот меѓу 16 и 19 ноември годинава, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега