Граѓаните со јасен став: Македонија нема соодветен пристап во борбата со загадувањето – ситуацијата полоша од лани

Близу две третини од граѓаните сметаат дека земјава нема соодветен пристап во борбата со загадувањето, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје направена за потребите на емисијата Детектор на Сител.
Според неа, 62,6% од граѓаните сметаат дека земјава несоодветно се справува со проблемот со загадувањето за разлика од 18,1% кои мислат дека пристапот на Македонија во борбата со загадувањето е соодветен .
Споредбата со анкетата на Институтот за политички истражува Скопје, спроведена во јануари лани, покажува дека расте мнозинството на граѓани кои сметаат дека државата не се справува соодветно со загадувањето. Па така, од 58,7% во јануари лани, бројот на граѓани кои сметаат дека државата несоодветно се справува со загадувањето за 12 месеци се зголемил на 62,6%. За сметка на тоа, од 26,7% во јануари лани, бројот на граѓани кои мислат дека Македонија има соодветен пристап в борбата со загадувањето паднал на 18,1%.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 8 до 11 јануари годинава врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега