Граѓаните повторно бараат правда за Никола Христовски - Кољо

Граѓаните главно од скопски Аеродром во моментот протестираат за правда за убиството на Никола Христовски – Кољо.

Протестниот марш започна во 19:00 часот пред споменикот „Јане Сандански“ во Аеродром, а граѓаните се движат кон Кривичниот суд.

Таткото на Никола претходно праша каква порака се испраќа доколку младите носат ладно оружје со себе, убиваат и се казнуваат со само 3 години затворска казна.

-Ова што се случи со мојот син да биде последно и малку државата да се запраша какви Закони носи. Сепак, сечило од 9 сантиметри и широчина околу 4-5 сантиметри предизвикува смрт. Тоа мора да запре. Мора тоа орудие да се забрани. Ако оваа пресуда е само три години, каква порака даваме на младите? Дека при секоја расправија можат да употребат оружје? Тоа е тажно, рече таткото на претходниот протест.

Основното јавно обвинителство пак, појасни дека затворската казна е толку ниска бидејќи делото било преиначено во Убиство во миг бидејќи убиецот бил под силна афектна раздразливост и реагирал импулсивно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега