„Граѓаните неинформирани земаат брзи кредити и не знаат во што се впушаат“, алармира Народниот правобранител

 

Народниот правобранител предупреди на агресивните реклами за брзи кредити, за кои рече дека покрај тоа што се без камати, за задоцнета исплата следат огромни трошоци.

„Тие кредити често се користат за затворање на претходни кредити во истото финансиско друштво, а притоа отсуствува ефикасната контрола и надзор на нивното работење.

Нагласи дека граѓаните не се целосно информирани во што се впуштаат и кои се давачките при задоцнување со исплататата на ратите. Тој апелираше до институциите да го ограничат надоместокот при доцнењето со исплатата. Поради тоа, народниот правобранител повика на измени во законот за финасиски услуги и други регулативи за да граѓаните при враќање на кредитите не бидат повеќекратно оштетени. Како надлежна инситуција за работата на овие финасиски друштва го посочи Министерството за финансии, но и Народната банка.

„Штом може онлајн да се одобри кредит тогаш постојат многу злоупотреби на лични податоци. Граѓаните мора да бидат информирани докрај и да знаат во што се впуштаат“ предупреди народниот правобранител, за време на денешното презентирање на годишниот извештај на институцијата.

30.03.2023 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа