Граѓаните на Фејсбук собираат пари за Малешевијата – собрани близу 6000 долари

Граѓаните преку социјалната мрежа Фејсбук собираат пари за малешевскиот регион кој е погоден од силни пожари кои зафатија и некои села.

-Парите ќе бидат искористени во Република Македонија за храна и пијалаци кои им се потребни на пожарникарите и на локалното население кои активно помагаат за да се сопре шумскиот пожар во Пехчево и околината. Секоја донација е добредојдена. Ви благодариме на сите. Време е ние луѓето да ѝ помогнеме на природата за да се ипорави што е можно побрзо, се вели во објавата.

Досега се собрани близу 6.000 долари.

05.08.2021 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега