Граѓаните може да пријават во Хелсиншкиот комитет прекршување на избирачкото право

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права со оглед дека денеска почна гласањето за предвремените парламентарни избори ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право во Комитетот, на телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436, или на helkom@mhc.org.mk.

Хелсиншкиот комитет соопшти дека неговата канцеларија ќе биде отворена и в среда, 15 јули, од 7 до 21 часот. Апелира до граѓаните задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право,  за да го заштитат своето и јавното здравје.

Денеска почна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, а  утре ќе гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старечки домови и внатрешно раселени лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега