Граѓаните го сменија ставот: Лани најмногу не загадуваше транспортот – годинава горењето на отпадот

Горењето и фрлањето на отпад, фабриките и индустријата и греењето и затоплувањето се најголеми причини за загадување на воздухот, покажува најновата анкета која за Детектор ја изготви Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 22,9% од граѓаните велат дека во нивното населено место најголема причина за загадениот воздух е горењето и фрлањето на отпад. 22% велат дека главни причинители на загадувањето се индустриските капацитети додека 21% греењето на домовите. 18,5% велат дека најмногу загадува транспортот а 7,1% градежништвото.
18,9% велат дека во нивното населено место нема загадување.
Интересна е споредбата со анкетата која на истата тема ИПИС ја подготви за Детектор минатата година во јануари особено ако се има предвид дека граѓаните имаат сосема различно мислење за главната причина за загадувањето. Ако во јануари лани дури 31% од анкетираните сметаа дека транспортот, односно автомобилите на улиците се најголема причина за загадување, една година подоцна, ваков став имаат само 18,5%. За сметка на тоа значително пораснал бројот на граѓани кои мислат дека главна причина за загадувањето се фабриките и тоа од 13,6% во јануари лани на 22% во јануарската анкета од оваа година.
Кај останатите потенцијални загадувачи нема некоја значителна промена во перцепцијата на граѓаните.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот 8 до 11 јануари годинава врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега