Граѓаните бараат привремено отстранување на седиштето на ДУИ од Тетово

Интелектуалци, граќански активисти и поранешни борци на ОНА преку граѓанска иницијатива излегоа со писмо во јавноста во кое бараат ДУИ привремено да го отстрани партиското седиште од Тетово бидејќи ситуацијата е „радикализирана“ по компромитирачките телефонски разговори објавени од профилот Ел Чека.

„Граѓаните од Тетово силно ја искажуваат својата индигнација и нивната фрустрација од прислушкуваните телефонски разговори, од кои самите тетовчани се сериозно навредени. Сите сме сведоци на она што го слушнавме во овие разговори на главните експонати на политичка партија која е на власт речиси 20 години.

Ниско ниво на комуникација, параполитички ситуации, сомнителни назначувања, негирање на позицијата на албанските жени во општеството, уцени против политичките противници и нивните семејства, амортизација на оние кои размислуваат поинаку, корупција и демотивирање на генерации, се сигнали дека овие ликови не заслужуваат да бидат носители на одлуки за важни процеси кои се однесуваат на нашите животи.

Затоа, итно бараме седиштето на оваа партија, односно Демократската унија за интеграција, да биде отстрането од Тетово на неопределено време.

Исто така, бараме посветеност на чесни членови на оваа партија во Тетово и истите да не останат заложници на лица со различни хипотеки од минатото. Ова прво ќе биде во нивна корист, а потоа и за граѓаните на Тетово и за пошироката околина ", се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега