Граѓаните бараат итно решавање на проблемот со загадувањето – чистиот воздух има огромно влијание врз квалитетот на живот

Две третини од граѓаните сметаат дека е многу значајно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот. Вакви резултати покажува најновата анкета која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје на почетокот на месецов. 

Според неа, 65,2% од граѓаните на скалата од 1 до 5 значајноста на решавањето на пробелмот со загадувањето ја оцениле со највисока оценка 5. 17,1,% дале четвртока а 12,5% тројка. Како незначајно решавањето на овој проблем го оцениле само 2% од анкетираните. Со тоа, средната оценка пресметана од одговорите на анкетираните граѓани изнесува високи 4,46. 

41,9% од анкетираните велат дека за нив загадувањето на воздухот има многу големо влијание врз квалитетот на живот. На скалата од 1 до 10 со десетка влијанието на загадениот воздух врз квалитетот на живот го оцениле со највисока оценка 10ка. Средната оценка на ова прашање изнесува високи 8,10. Тоа покажува дека во споредба со минатата година значително пораснала свесноста кај граѓаните за влијанието на загадениот воздух врз квалитетот на живот бидејќи во анкетата која ИПИС ја спроведе во јануари лани. Средната оценка беше 7,72.

Кога загадувањето би се оценувало со оценка од 1 до 10 каде што десетката би значело екстремно загадување, средната оцена на граѓаните е 6,41 што е влошување на состојбата за една година, ако се има предвид дека оценката во јануари лани била 5,73.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 8 до 11 јануари годинава врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега